Skip to main content

Снежна бура ја зафати Чешка

Фрипик

Снежната бура што од вчера ја зафати Чешка го отежна сообраќајот во земјата и предизвика несреќи во кои се повредени стотици луѓе.

Чешките пожарникари вчера и денеска интервенирале во над 600 случаи, од сообраќајни несреќи, паднати дрвја до возила заглавени во снег.

Надлежните апелираа до возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот. Тие исто така соопшија дека снегот се чисти од сите автопатите и локалните патишта.

Поради невремето летовите на аеродромот во Прага доцнеа неколку часа.

Во Прага денеска околу 26.000 домаќинства останаа без греење и топла вода, по дефект на регионалниот топловод.

Поврзани вести