Skip to main content

Спречени можни терористички напади во Европа, уапсени двајца во Германија

Германските власти уапсија двајца државјани на Ирак под сомнение дека планирале напади врз објекти поврзани со САД и еврејската заедница, меѓу кои и синагоги. Акцијата ја спровело Главното државно обвинителство во Карлсруе.

Осомничените Мустафа Ал Р. и Амир Ј. се товарат за членство во терористичка организација и подготовка на напади врз цели во Европа. Според обвинителството, тие биле во блиски контакти со проиранската терористичка организација ХАЈИ и во Германија формирале нејзина ќелија за подготовка и извршување напади, како и за регрутирање лица што би користеле експлозив.

Во соопштението се наведува дека во март годинава, засега непознати лица тргнале со експлозив кон синагоги во Келн и во уште еден европски град, но нападите не биле извршени. Не е познато зошто планот бил прекинат.

Паралелно со апсењата во Келн и Хајделберг, германските служби извршиле претреси на уште 17 локации низ земјата. Акцијата била спроведена врз основа на информации добиени од германската Сојузна служба за заштита на уставниот поредок.

Поврзани вести