
Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, го одреди конечниот ростер од 12 играчи кои ќе настапат на вечерашниот натпревар против Кипар, во рамките на втората фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Во составот се наоѓаат и Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, кои им се приклучија на репрезентативните колеги во завршницата од подготовките за овој дуел.
На списокот на Берокла се наоѓаат:
Ненад Димитријевиќ
Виктор Ташовски
Виктор Ефремовски
Војдан Стојановски
Лука Стојановски
Адем Мекиќ
Стојан Ѓуроски
Резарт Мемед
Тома Стојаноски
Андреј Маслинко
Дамјан Робев
Мозес Рајт.
Натпреварот Македонија – Кипар се игра вечерва, со почеток од 18 часот, во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје

Македонски




