Skip to main content

Фрчкоски на протест против насилството врз жените – во 2008 година доби пријава за физички напад по инцидент на паркинг

Љубомир Фрчкоски денеска беше меѓу присутните на протестот против насилството врз жените и фемицидите во Скопје, организиран по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените. Неговото присуство на протестот отвора потсетување на инцидентот од мај 2008 година, кога Фрчкоски беше вмешан во физичка пресметка на паркинг во центарот на Скопје.

Тогаш, според медиумските извештаи и полициските информации објавени во јавноста, расправија околу паркинг-место меѓу неговата сопруга Ирена и 24-годишната Катерина Велјановска прераснала во физички инцидент. Според исказот на Велјановска, таа била влечена за коса, а во инцидентот се вмешал и Фрчкоски.

МВР тогаш поднело прекршочна пријава против Фрчкоски за физички напад, додека неговата сопруга била пријавена за нарушување на јавниот ред и мир.

Фрчкоски тогаш призна дека му удрил две шлаканици на партнерот на девојката, но негираше дека ја нападнал Велјановска. Тврдел дека ја бранел сопругата и малолетното дете.

Речиси 18 години подоцна, Фрчкоски се појави на протест чија главна порака е борбата против насилството врз жените.

Поврзани вести