
Белгискиот репрезентативец и член на Наполи Кевин де Бруин вечерва повторно ќе истрча на стадионот на Манчестер Сити „Етихад“. Тој и неговиот сегашен клуб Наполи вечерва гостуваат во Англија во рамки на дуелот од 5.коло од Лигата на шампионите.
Кевин де Бруин десет години беше член на Манчестер Сити.
– Ова е мој клуб. Има почит кон овој клуб која нема да се смени. Дури и сега, на начинот и третманот кои ги имавме јас и моето семејство, останува нешто најважно за мене, изјави де Бруин.
За тоа што има дадено во „синиот дрес“ се осврна и сегашниот менаџер на Манчестер Сити, Енцо Мареска.
– Несомнено еден од најдобрите. Не само лично, мислам, туку и за историјата на овој клуб. Во последните 10 години, во сите трофеи што ги освои клубот, Кевин беше тука, беше важен играч, фантастичен играч, врвен човек. Љубезен, знаете, фантастичен, па за мене беше, беше апсолутно, беше задоволство да се работи со него.
Натпреварот Манчестер Сити – Наполи се игра вечерва со почеток во 21 часот.

Македонски




