Skip to main content

„Досега немало никакви проблеми со ученикот“ рече директорот по утринското пукање во техничкото училиште во Крагуевац

Инстаграм glassumadije.rs

Директорот на Првото техничко училиште во Крагуевац, Немања Јоксимовиќ, по утринското пукање во училиштето изјави дека учениците безбедно ја напуштиле зградата. Како што наведе, ученик во четврта година ранил една колешка, која не е во животна опасност.

Со брза реакција на МВР, ученикот е уапсен. И понатаму ја следиме ситуацијата и ќе се потрудиме што поскоро да ја нормализираме наставата, рече Јоксимовиќ.

Полицијата врши увид, а повеќе информации се очекуваат по неговото завршување. Директорот на училиштето рече и дека со ученикот кој е уапсен претходно немало никакви проблеми.

Учениците безбедно ја напуштија установата. Тоа се случи за време на првиот час, така што тоа е добра околност во оваа ситуација, додаде Јоксимовиќ.

Полицијата соопшти дека е уапсен седумнаесетгодишен ученик од Првото техничко училиште во Крагуевац поради сомнение дека утрово ранил едно лице, најверојатно со огнено оружје. Во инцидентот е повредено уште едно лице, поради кршење на стакло, додаваат од МВР.

Како што неофицијално дознава Н1, станува збор за две помошни работнички во училиштето, а очевидци и матуранти неофицијално изјавиле дека ученикот бил исклучително повлечен и досега не правел проблеми.

Поврзани вести