Skip to main content

Мицкоски: Се трудиме да ги убедиме државните компании да не бараат зголемување на нивниот дел во цената на електричната енергија

Се трудиме да ги убедиме државните компании да не бараат зголемување на цената на електричната енергија во нивниот дел, но не можеме да влијаеме на приватните компании, посочи премиерот Христијан Мицкоски, во гостување во „Топ тема“.

Мицкоски нагласи дека како Влада ќе направат сѐ државните АД ЕСМ и МЕПСО да не ја зголемат цената на нивниот дел од електричната енергија, за да нема зголемување на цената за крајните потрошувачи од 1 јануари идната година. Мицкоски истакна дека цените на државните компании ќе останат исти како и досега, а за ЕВН Македонија рече дека не можат да влијаат на нивните побарувања, бидејќи се приватна компанија.

Како што кажа Мицкоски, од Регулаторната комисија за енергетика, ќе зависи дали ќе ги прифати нивните барања и дали ќе ги оправда сите трошоци кои ќе ги прикажат.

Премиерот посочи дека се неопходни 345 илјади тони мазут за вклучување на ТЕЦ Неготино во енергетскиот систем на земјава за задоволување на потребите на потрошувачите на регулираниот пазар со електрична енергија во зимскиот период.

Со тоа што не се купи мазутот кога беше висока цената на нафтата на светсктие берези се заштедија значителни средства – рече Мицокски.

Поврзани вести