
На вонреден конгрес одржан преку видеоврска, ФИФА ги потврди домаќините на светските првенства за фудбалерки во 2031 и 2035 година. Мундијалот во 2031 година ќе биде организиран од САД, Мексико, Костарика и Јамајка, а турнирот во 2035 година ќе го организираат Англија, Cеверна Ирска, Шкотска и Велс.
Двете кандидатури беа единствени и беа прифатени со акламација.
Заедно со ФИФА ние сме посветени на организирање турнир од светска класа и ќе ја искористиме оваа историска можност за да го забрзаме растот на женскиот фудбал низ целиот свет“, изјави претседателката на Фудбалската федерација на САД, Синди Парлоу Коун.

Македонски




