
Претседателот на Cеверна Кореја, Ким Џонг Ун ги игнорира обидите на американскиот претседател Доналд Трамп да го контактира за разгвор на двајцата лидери, пишува „Волстрит џурнал“ (ВСЏ).
Според изданието, минатата година, американскиот претседател постојано се обидувал да го контактира севернокорејскиот лидер преку телефон и официјални канали. Трамп подоцна му доставил и писмо преку севернокорејски дипломат, но Ким Џонг Ун го „фрлил неотворено“, пред претставник на САД на сесијата на ОН.

Оваа година, официјален Вашингтон повторно се обидел да закаже состанок за време на азиската турнеја на Трамп.
Ваквите напори на Трамп доаѓаат откако САД ја разгледуваа можноста за прогласување формален крај на Корејската војна и понуда за компромис за нуклеарната програма на Cеверна Кореја, не барајќи нејзино целосно укинување, туку барајќи ограничувања на нуклеарните и ракетните тестирања.
Ким Џонг Ун постави услови со кои САД не се согласија, поради што состанокот не се одржа.

Македонски




