Skip to main content

Тошковски: Максимален фокус треба да ни биде заштитата на жените и децата, системските промени ќе дадат резултати

 Ако жената во својот дом не може да се чувствува најбезбедно, ако децата во својот дом не можат да се чувствуваат најбезбедно, тогаш каде би се чувствувале најбезбедно?! Треба како општество да сториме сѐ жената и децата да се чувствуваат најбезбедни во својот дом, посочи денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, посочувајќи дека системските промени ќе дадат резултати „но, не преку ноќ“.

Министерот во изјава за медиумите по завршување на првиот состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите рече дека кривичните настани, досега се евидентирале во тефтер, но оти се работи на дигитализација.

-Кога првпат седнав на позицијата во Министерството за внатрешни работи, и во рамки на техничката влада констатирав дека, за жал, Македонија сѐ уште работи на тефтер систем во рамки на евидентирање на кривичноправен настан. Колку и да е тоа смешно за некој, за жал, така е. На дигитализацијата работиме секојдневно и ова е многу битно да го направиме како Министерство за внатрешни работи. Тоа е наша работа. Тоа била наша работа и во последните 35 години, но не сме го направиле. Шведска, на пример, го направила тоа пред околу 30 години. Ние го правиме денес. Дали ќе беше подобро да го направиме лани? Ќе беше. Дали ќе беше подобро да го направиме пред 30 години, исто како Шведска? Претпоставувам – да. Но, сигурно е подобро да го направиме на почетокот на 2027 година, наместо во 2048 година. Нашиот пристап е системски и ќе има резултати, но ќе треба време, јас мислам дека покажавме дека можеме во многу краток период да реализираме проект како „Безбеден град“, кој ќе им даде чувство на надеж дека работите можат да бидат подобри, изјави Тошковски.

Поврзани вести