
Според резултатите, 29,1% од испитаниците изјавиле дека се многу загрижени за кражба на лични податоци на интернет, додека 46,6% се умерено загрижени. Вкупно 75,7% од граѓаните изразиле одреден степен на загриженост. Само 18,6% рекле дека не се загрижени, а останатите не знаеле или не одговориле.
Истражувањето анализирало и други ризици поврзани со приватноста. Околу 70% од испитаниците се загрижени дека нивните лични податоци може да бидат користени од државата без нивна дозвола, а сличен процент стравува дека податоците може да бидат злоупотребени од странски држави.
Резултатите покажуваат дека загриженоста за дигиталната приватност е широко распространета, но не секој ја доживува на ист начин. Најголем дел од граѓаните изразиле умерена загриженост, додека помал дел се чувствуваат особено изложени на ризик.
Истражувањето SecuriMeter 2025 ги анализира ставовите на граѓаните во земјите од Западен Балкан за безбедноста, ризиците и заканите, вклучувајќи ги и опасностите поврзани со користењето интернет и социјалните мрежи.

Македонски




