
Сан Антонио ноќеска го победи Њу Орлеанс дома во натпревар од регуларната сезона на НБА, со 114:91.
Виктор Вембањама постигна 50 поени и 19 скока за домаќините. Џеремаја Фиерс имаше 29 поени за гостите.
Спарс се на чело на табелата во Западната конференција со 14 победи и три порази. Пеликанс се на 12. место.
На другите натпревари од НБА-лигата играни ноќта сабота кон недела постигнати се следниве резултати:
Њујорк – Портланд 97:96,
Далас – ЛА Клиперс 110:100
Минесота – Мемфис 104:95
Сакраменто – Бостон 97:96.

Македонски




