Skip to main content

Кое е возилото што возеше во спротивна насока на „Партизанска“?

Социјалните мрежи се полни со снимка од опасно возење на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје се споделува на социјалните мрежи, откако на снимката се забележува автомобил кој се движи во спротивна насока од останатиот сообраќај.

На видеото се гледа како возилото се движи по булеварот, а во еден момент ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили. По разминувањето, возачот повторно забрзува и продолжува да се движи во спротивна насока.

Снимката предизвика реакции кај корисниците на социјалните мрежи, кои укажуваат на опасноста од ваквото однесување во сообраќајот, особено поради ризикот од судир и загрозување на останатите учесници.

Поврзани вести