Skip to main content

Хакери упаднаа во системот за исплати на американските земјоделци

Freepik
Фото: Freepik

Хакери оваа недела упаднале во системот што Министерството за земјоделство на САД го користи за вршење плаќања на земјоделците, објави денеска Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на двајца поранешни службеници на министерството.

Министерството ги известило вработените за инцидентот во четвртокот, рекоа поранешните службеници.

Досега, упадот е ограничен на базата на податоци за плаќања.
Сепак, поранешните службеници предупредуваат дека компромитираниот систем може да послужи како „последна врата“ за пристап до почувствителни информации, вклучувајќи податоци за безбедноста на храната и истражувања за болести кај животните.

Се уште не е познато кој стои зад нападот.

Поврзани вести