
Темелно исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“ По години негрижа, денес нашите екипи темелно го исчистија подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешната стоковна куќа „Мост“.Чистиот коловоз значи побезбедно возење за секој што минува оттука, објави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Доволно е една кеса да заврши на шофершајбната или едно шише да се стркала пред мотоциклист за нечија неодговорност да загрози друг човек. Затоа, апелирам до возачите и сопатниците да не фрлаат отпад од прозорците.
Тоа е мал гест со кој покажуваме почит и кон оние што возат зад нас и кон луѓето што секојдневно ги чистат нашите улици.

Македонски




