Skip to main content

Евакуиран мол во Ѓорче Петров по пожар на возило во подземниот паркинг

Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на КАМ мол во скопската населба Ѓорче Петров, по што посетителите биле евакуирани од објектот

Според првичните информации, се запалило возило во подземниот паркинг, а чадот почнал да се шири и низ вентилацискиот систем на трговскиот центар.

Очевидци сведочат дека автомобилите со полициска асистенција еден по еден го напуштаат паркингот, а на дел од нив се забележуваат траги од чад.

Засега нема официјални информации за причината за пожарот, ниту потврда дали има повредени лица.

Поврзани вести