
Наместо да се врати дома по завршувањето на работните обврски, 33-годишен македонски државјанин го загубил животот во тешка несреќа на железничка пруга во Хрватска. Трагедијата се случила во неделата наутро, во близина на Загреб, додека работникот бил ангажиран на активности поврзани со железничката инфраструктура.
Несреќата се случила околу 8:45 часот на железничкиот надвозник Сава – Јакушевец, во местото Мичевец, кај Велика Горица, објави 4news.mk
Според хрватската полиција, Македонецот бил вработен во компанија која изведувала работи на железничката инфраструктура и имал регулиран престој во Хрватска.

Македонски



