Skip to main content

Во Битола падна Бундеслигаш

 Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа првата победа во Европската лига, откако вечерва во Битола беа поуспешни од германскиот претставник Гумерсбах.

До триумфот со 29:28, битолчани дојдоа по одличното второ полувреме. По првото, домаќините губеа со 9:14.

Филип Кузмановски со седум гола беше најефикасен во победничката екипа, Милош Вујовиќ постигна осум за гостите.

На другиот натпревар од 4. коло во Г-групата, Ла Риоха – Гдањск 34:35.

Табела: Гдањск 6 бода, Гумерсбах 4, Ла Риоха 3, Еурофарм Пелистер 3.

Пласман во следната фаза ќе обезбедат двете првопласирани екипи.

Во следното, 5. коло, Пелистер го пречекува Гдањск.

Поврзани вести