Skip to main content

Чурлинов: Против Словенија мораме уште подобро од мечот против Шкотска

Фото: Freepik

Словенија во Скопје доаѓаа ослабена без еден од своите клучни дефанзивци Јака Бијол кој заработи жолт картон против Швајцарија) и без напаѓачот Бенјамин Шешко.

Сепак, селекцијата предводена на теренот од капитенот Јан Облак, заедно со Вања Дркушиќ, Адам Гнезда Черин и Жан Випотник, останува цврст и незгоден противник кој прими само три гола на досегашните пет средби.

Дарко Чурлинов покажа дека му значи репрезентативниот дрес.

„Ме радува што се вратив и жалам што не можев да помогнам минатиот месец на првите четири натпревари.

Одигравме добро во Шкотска, но среќата не беше на наша страна. Мораме уште подобро и ако го презентираме тоа што го бара селекторот од нас, резултатите ќе дојдат“, вели фудбалерот на Погон.

Ако некој добро ја познава словенечката репрезентација, тоа е Димитар Митровски, кој игра во оваа земја. Сепак, неговиот настап утревечер уште е неизвесен.

„Се чувствувам подобро по повредата, тренирам нормално и вечерва ќе одлучиме дали ќе настапам и ли не. Словенија е компактна, играат одлично на транзиција и верувам дека ќе играат на победа.

Нам ни останува да дадеме максимум и да се обидеме да дадеме три бода“, рече Митровски.

Поврзани вести