
Борачите на БК „Спартак“ – Кочани викендов учествуваа на Меѓународниот турнир „Купа Хасково“, што се одржа во Хасково, во Бугарија, натпреварувајќи се во грчко-римски стил.
Кочанчанчани настапија со петмина натпреварувачи: Давид Златков, Никола Пешев, Јован Илиев, Максим Арсов и Лазар Ангелов. Ги предводеше тренерот Гоце Ангелов.

На турнирот, борачите на „Спартак“ освоија два бронзени медали, иако нивна „специјалност“ не е грчко-римскиот стил.

Јован Илиев го освои третото место во категоријата до 65 килограми, додека Давид Златков се закити со бронзен медал во категоријата до 48 килограми.
Посебно признание доби Давид Златков, кој беше прогласен за најдобар странски борач на турнирот, со што уште повеќе го истакна успешниот настап на клубот.

Успешниот настап на БК „Спартак“ во Хасково беше надополнет со признание за Игор Христов, кој беше се закити со признанието најдобар судија на ова меѓународно натпреварување.

Македонски



