
Ненадејно, почина поранешниот македонски репрезентативец Агрон Мемеди на само 45 години, објави тетовска Шкендија, чиј член на стручен штаб беше тој.
Тој бил дел од денешниот тренинг на тимот, кога ненадејно колабирал, а потоа за жал, починал на пат кон тетовската болница.
Мемеди долги години работеше во фудбалскиот колектив на Шкендија, а како фудбалер има настапувано за екипите на Ренова и Металург. Со Ренова беше и шампион на Македонија.
Во 2010 година Мемеди имаше и еден настап за репрезентацијата на Македонија.

Македонски



