Skip to main content

Познати се почетните состави за дуелот Шкотска – Македонија на „Хемпден парк“

Македонскиот селектор Гоце Седлоски се одлучи за офанзивна формација за вечерашниот дуел против Шкотска на „Хемпден парк“ во Глазгов, во рамки на претпоследното 5. коло во групата 4 од Б дивизијата во Лигата на нации.

На голот ќе биде стандардниот Димитриевски, на левата бековска позиција е Алиоски, а на десната Илиевски, додека централни дефанзивци се Муслиу и Младеновски.

Средниот ред го сочинуваат капитенот Барди, Елмас и Гаштаров, а во нападот се Растодер, Дориев и Чурлинов,

Македонската репрезентација влегува во вечерашниот дуел како последнопласирана во групата без освоен бод и негативна серија од 12 натпревари без победа, а осум без постигнат гол.

Поврзани вести