
На 18 ноември, Националниот џез оркестар ќе одржи ексклузивен концерт со еден од најзначајните пијанисти и композитори на светската џез-сцена Мишел Камило), добитник на Grammy, три Latin Grammy и Emmy признание.
Камило ја воодушевува светската публика со својата извонредна пијанистичка виртуозност, препознатливиот музички израз и експлозивната латино-џез енергија. Неговото творештво претставува уникатен спој на џез, класична музика и карипски ритми, а неговата кариера е исполнета со бројни меѓународни признанија, соработки и настапи на најпрестижните светски сцени.
Во Скопје, Камило ќе настапи со своето трио, составено од неговите долгогодишни музички соработници Рики Родригез на контрабас и Марк Валкер на тапани. Диригент на концертот е маестро Џијан Емин.

Овој концерт претставува посебна можност за македонската публика да доживее музичка средба со еден од водечките светски џез-уметници, во програма што ветува виртуозност, динамика, импровизација и препознатлива латино-џез енергија.
Билетите за концертот може да се набават онлајн на: https://mktickets.mk/event/njo-michel-camilo-trio/ и на продажните места на MKTickets.

Македонски



