
Во однос на изјавите на лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски дека ќе излезат од Владата доколку се усвои законот за правосудниот систем, Мицкоски рече дека Владата е стабилна.
– За ставот на Димитриевски ќе го прашате него. Инаку, Владата се бира со мнозинство во Парламентот. Тоа мнозинство е 61 пратеник, ние имаме мнозинство во моментот коешто е многу повеќе од 61 пратеник. Така што Владата е стабилна, односно најстабилна во овој дел на Европа можеби пошироко и продолжуваме да испорачуваме за граѓаните она што е важно за граѓаните – потенцира Мицкоски.
Премиерот рече и дека со Димитриевски разговарале за лидерска средба и посочи дека коалициска лидерска средба е планирана за декември.

Македонски



