
Во Торино денеска беа одредени двете групи за завршниот Мастерс турнир кај мажите, што ќе се игра од 15 до 22 ноември во Торино. Најдобриот светски тенисер Александер Зверев ќе ја предводи групата „Џон Мекинро“ а за ривали ги има: Бен Шелтон (САД), Артур Фис (Франција) и Рафаел Ходар (Шпанија).
Во групата „Иван Лендл“ се Карлос Алкараз (Шпанија), Данил Медведев (Русија), Флавио Коболи (Италија) и Френсис Тиафо (САД).
Зверев има освоено два Мастерси во 2018 и 2021 година, Медведев има победа во 2020 година, додека Коболи, Фис, Тиафо и Ходар се дебитанти.
Поради повреда, на турнирот нема да настапи ланскиот победник Јаник Синер од Италија.
Двајцата првопласирани тенисери од групите ќе играат во полуфиналето.

Македонски



