Skip to main content

Од традиционалната кујна: Динстана зелка со суво месо

Magnific

Едноставно, домашно јадење со богат вкус и мирис што потсетува на традиционалната кујна. Динстаната зелка со малку чадено месо е вистински избор за вкусен семеен ручек.

Потребни состојки:

  • 1 главица свежа зелка
  • 50–100 г чадена сланина (панцета)
  • 1 главица кромид
  • 4 чешниња лук
  • 1 морков
  • 1 лажица доматно пире
  • Магдонос
  • Масло или маст
  • Сол, црн бибер и мешан зачин
  • Суво месо или чадени колбаси, по желба


Подготовка:

На малку масло или маст пропржете го ситно сечканиот кромид додека омекне. Додајте ја сланината исечена на парчиња и кратко пропржете. Зелката исечете ја на подебели ленти и додајте ја во тенџерето. Динстајте 10 минути со повремено мешање. Потоа додајте ги ситно сечканиот лук и магдонос, морковот исечен на  кругови и доматното пире.

Зачинете по вкус и додајте малку вода. Пред крајот додајте чадени колбаси или парчиња суво месо и продолжете со динстањето додека зелката целосно омекне и вкусовите се соединат. 

Поврзани вести