Skip to main content

Добра вест, Гвардиола му се враќа на фудбалот

– Пеп Гвардиола би можел да се врати на тренерската работа. Тој по десет години минати во Манчестер Сити, замина од клупскиот фудбал, а шпанскиот тренер би можел да биде селектор и со тоа да почне нов период во својата тренерска кариера.

Станува збор за селекцијата на САД, која има планови токму Гвардиола да биде наследникот на Маурицио Покетино. Ова особено откако Покетино сè почесто се споменува како варијанта да биде нов менаџер на Манчестер Јунајтед на местото на Мајкл Карик. Покетино е селектор на САД со договор до 2030 година, кој го продолжи по Светското првенство. Но, премиерлигашот Манчестер Јунајтед е подготвен да плати обесштетување.

Тоа е и причина фудбалската федерација на САД да размислува за нов селектор, а Гвардиола е првата опција. Сепак Гвардиола сè уште нема потврдено дека добил официјална понуда

Поврзани вести