
Под наслов ФЕМИНА 8: „Женска книга, феминистичко писмо, политичко тело“ на 12 ноември вo 18.30 часот, во „Maла станица“ при Националната галерија, Скопје, ќе биде отворена изложба чија кураторка е д-р Сузана Милевска.
Организатор e Друштвото на ликовните уметници на Македонија -ДЛУМ, a изложбата е дел од актуелното одбележување на 80 – годишнината од неговото постоење. Таа ќе обедини седум феминистички уметнички позиции на aвторките: Кристина Божурска, Лилјана Ѓузелова, Зорица Зафировска, Ана Лазаревска, Јана Маневa–Чупоска, Шќипе Мехмети и Виолета Чаповска. Изложбата е посветена на Лилјана Ѓузелова (1935-2018) и на нејзиното последно дело „Женска книга“, 2010, (обезбедено со љубезна позајмица од нејзиниот син, Игор Хаџи-Бошков).
Посетителите ќе имаат можност до 23 ноември да ја погледнат и феминистичката нестабилна микроархива на д-р Сузана Милевска, којашто опфаќа постери, текстови, уметнички книги, фотографии, документи и видеопроекции поврзани со проекти од авторките: Џемилиана Абдулова / Марија Трпеска, Ноа Гур, Христина Иваноска, Сања Ивековиќ, Шејла Камериќ, Тања Остојиќ, Мерете Ростад, Елизабет фон Самсонов, Естер Штраус како и од групата „Женски круг “.
Предвидено е и секојдневно одржување на дебати, предавања и проекции кои во „Мала станица“ ќе започнуваат во 18 часот. На 13 ноември ќе се одржи панел-дискусија со учесничките на изложбата, а на 14, 15 и 16 ноември д-р Сузана Милевска ќе одржи предавањa под наслов „Краток речник на феминизам и уметност“. На програмата се и секојдневни видеопроекции .
Втората панел-дискусија посветена на улогата и моќта на соработката меѓу уметноста и феминистичкиот активизам, со учество на Салија Беќир -Халим, Мања Величковска, Искра Гешоска, Јана Манева-Чупоска и Ирена Цветковиќ ќе се одржи на 22 ноември.

Македонски



