
Македонската фудбалска репрезентацијата ги продолжува подготовките во рамки на подготовките за последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нациите. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски ги очекуваат гостување против Шкотска во Глазгов и дуел со Словенија на домашен терен.
– Се надевам дека доколку добијам шанса на натпреварите, ќе имам свој придонес и дека ќе почнеме да се движиме во нагорна линија, онака како што заслужува оваа репрезентација. Во секоја репрезентација и во секој клуб доаѓа до одреден период на криза, но мислам дека е време да излеземе од неа и се надевам дека сè ќе биде како што треба. Поискусните фудбалери во репрезентацијата веќе се во натпреварувачка форма и мислам дека тоа ќе се покаже на натпреварите против Шкотска и Словенија. Верувам дека селекторот ќе најде начин како да се поставиме и да одиграме одличен натпревар, да ѝ се спротивставиме на Шкотска и да оствариме позитивен резултат, истакна Ѓорѓиевски, кој го очекува и својот дебитантски настап.
Македонија во петок ќе гостува кај Шкотска во Глазгов, додека три дена подоцна, на домашен терен, ќе ја пречека Словенија во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нациите.

Македонски



