Skip to main content

РК Вардар и РК Алкалоид својот меч ќе го одиграат во СЦ “Борис Трајковски”

Фото: Freepik

Натпреварот меѓу Вардар и Алкалоид од 10. коло во ракометната Суперлига ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала во СЦ „Јане Сандански“, како што првично беше најавено.

Градскотото дерби е закажано за 14 ноември (сабота), со почеток во 18:30 часот.

Првично, поради зафатеноста на поголемите спортски објекти во Скопје, беше предвидено средбата да се одигра во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.

Сепак, по дополнителни разговори и организациски усогласувања, беше пронајден соодветен термин во СЦ „Борис Трајковски“.

Од Вардар упатија благодарност до раководството и вработените во спортскиот центар за нивната подготвеност и ангажманот околу организацијата на натпреварот.

Промената на локацијата ќе овозможи дербито да се одигра во поголем капацитет и пред поголем број навивачи, што е добра вест за сите љубители на ракометот.

Поврзани вести