Skip to main content

Македонија в петок против Шкотска, ќе шутнеме ли конечно во голот

 Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов, е оптимист во пресрет на последните два натпревара од групната фаза во Лигата на нациите. 

Избраниците на селекторот Гоце Седлоски ги очекуваат гостување против Шкотска во Глазгов и дуел со Словенија на домашен терен.

Секогаш ми било чест да играм за овој дрес и секогаш ќе давам максимум. Се надеваме на најдоброто. Нормално дека ќе анализираме и ќе се обидеме сето она што тренерот ќе ни го каже да го пренесеме на теренот, истакна Чурлинов з авеб-страницата на ФФМ.

Крилниот фудбалер смета дека добрата минутажа што репрезентативците ја имаат во своите клубови може да биде значаен фактор во претстојните предизвици.

Минутажата во клубот е многу битна и таа енергија се пренесува и овде. Добро е што сите играме во своите клубови, што имаме минутажа, и верувам дека тоа ќе има позитивно влијание на овие средби.

Чурлинов верува дека Македонија има квалитет да се надигрува со секој противник, без разлика на имињата и индивидуалниот потенцијал на спротивната страна.

Шкотска ги има Мектоминеј, Гилмор, Робертсон, ние ги имаме Елиф Елмас, Барди и Столе Димитриевски. Денеска нема репрезентација што не може да се победи, така што тоа треба да го покажеме на теренот.

Македонија в петок ќе гостува кај Шкотска во Глазгов, додека три дена подоцна на домашен терен ќе ја пречека Словенија во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на нациите.

Поврзани вести