
Шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, денеска изјави иранскиот амбасадор во земјата ќе биде повикан на разговор и ќе побара европски санкции поради кибернападот врз контролорите на ладилниците во околу 700 супермаркети низ земјата, за кој беше обвинет иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
Баро рече дека Париз не исклучува никакви мерки за одговор, вклучително и оние што нема да бидат објавени јавно, со цел да се спречи повторување на нападот и да се казнат одговорните, објави весникот „Фигаро“.
„Ќе ги преземеме сите мерки што ги сметаме за пропорционални и неопходни за да спречиме секаков понатамошен напад и да ги казниме сторителите на оваа неприфатлива агресија“, изјави Баро за радио Франсинфо.
Тој додаде дека доктрината за киберодбрана на Франција им дава на властите бројни опции за одговор, но одби да даде повеќе детали.
Франција вчера официјално ја препиша одговорноста за нападот на киберединицата на ИРГК, која ги нападна контролорите на ладилници во околу 700 супермаркети во земјата во ноќта помеѓу 11 и 12 октомври.
Канцеларијата на парискиот обвинител побара меѓународни потерници за двајца членови на оваа единица, позната како „Шахид Кавех“.
Баро одби да даде коментар за можната одговорност на Иран за други кибернапади, вклучувајќи ги и оние насочени кон снабдувачот на ладилници за француската служба за трансфузија, банката „Креди Мутуел Арсеа“ и Генералниот директорат за јавни финансии, велејќи дека истрагите сè уште се во тек. (МИА)

Македонски



