Skip to main content

Славниот тренер на Арсенал го менува Инфантино на чело на ФИФА

Поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, размислува да се кандидира за претседател на ФИФА, објави „Л’Екип“.

Според францускиот спортски медиум, 77-годишниот Французин, кој е директор за глобален развој на фудбалот во ФИФА, би можел да му се спротивстави на сегашниот претседател на ФИФА, Џани Инфантино.

Венгер планира да донесе конечна одлука за својата кандидатура кон средината на следната недела.

Изборите за претседател на Светската фудбалска асоцијација ќе се одржат на 18 март на конгресот во Рабат, Мароко. 

Инфантино ја води ФИФА од 2016 година.