Skip to main content

Ќе биде отворена музејска поставка во спомен на починатиот архиепископ Гаврил

Свечено отворање на музејската поставка во спомен на блаженоупокоениот архиепископ охридски и македонски Гаврил, по повод 30-годишнината од неговото упокојување, ќе се реализира во текот на утрешниот ден, информираат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

Одбележувањето е предвидено во Годишната програма на Собранието за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности. Во таа насока, Комисијата самостојно го организира и реализира настанот, во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија – пишува во соопштението.

Како што се додава, одбележувањето ќе почне во 10:30 часот, во манастирскиот храм „Свети Наум Охридски“ во населбата Радишани, каде што се наоѓа неговото вечно почивалиште.

Во рамките на одбележувањето ќе се отслужи панихида пред гробот на архиепископот Гаврил. Централен дел од програмата е свеченото отворање на музејската поставка, сместена во манастирските простории – се додава во соопштението.