
Петкратниот олимписки првак во џудо, Теди Рине, преку видео обраќање на социјалните мрежи ја објави својата кандидатура за претседателските избори во Франција во 2027 година.
Се викам Теди Рине и денесka, гледајќи ве право во очи, ја објавувам мојата кандидатура за претседателските избори во 2027 година. Борбата отсекогаш била дел од мене. Знам што значи да се бориш, да паднеш и секогаш да станеш повторно“, порача 37-годишниот Рине, кој е сè уште активен како натпреварувач.
Иако наведе оти е свесен дека веќе има многу кандидати, Рене нагласува оти има намера да оди до крај, додавајќи дека не би го направил овој чекор ако не верува дека има реална шанса да стане претседател на Франција.
Знам што ќе кажат луѓето за мене: Тој е луд. Тој не е дел од естаблишментот. Тој не знае како да го направи тоа. Тој никогаш не се вмешал во политиката. Ако одбивањето да ја наведнам главата и да одбијам да го прифатам хаосот ме прави луд, тогаш да, јас сум целосно луд. Нема да бидам еден од оние што ја гледаат земјата како гори, наоѓајќи изговори за себе“, додава најголемиот џудист во историјата, кој е и 11-кратен светски шампион.

Македонски



