Skip to main content

Пронајден починат 37-годишен тетовец

Вчера во 16:35 часот, од Интерното одделение при Клиничката болница Тетово е пријавено дека кај нив е донесено
лице без знаци на живот.

Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот, каде од страна на лекар била констатирана смрт кај Ф.С. (37) од Тетово.

Според првичните сознанија, смртта настапила во неговиот дом, а на телото не се забележани траги на насилство.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител од ОЈО Тетово кој дал наредба за обдукција.

Поврзани вести