Skip to main content

Душица Брсалиева освои злато на Грција опен Е1!

Македонската таеквондистка Душица Брсалиева оствари одличен успех на меѓународниот турнир „Грција опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал во јуниорска конкуренција до 55 килограми.

Репрезентативката на Македонија и членка на ТК Штип имаше беспрекорен настап, забележувајќи четири победи во четири борби, сите против домашни натпреварувачки од Грција.

Брсалиева до златото стигна без загубена рунда, победувајќи ги Талеја Варсу во осминафиналето, Константина Алексио во четвртфиналето, Ефтихија Дермани во полуфиналето и Ифигенеа Кумуди во финалната борба.

Сите четири противнички ги совлада со идентични 2:0 во рунди, потврдувајќи ја својата доминација во категоријата.

Поврзани вести