
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека Европската комисија во најновите оценки констатирала „добар напредок“ на Македонија во областа на дигиталната трансформација, при што најави продолжување на реформите за поголема дигитализација на јавните услуги.
– Европската комисија констатира „добар напредок“ на Македонија во дигиталната трансформација. На денешниот состанок за Реформската агенда разговаравме за следните чекори: што треба да завршиме, кој е одговорен и во кои рокови – напиша Андоновски на Фејсбук.
Тој посочи дека во фокусот на идните активности ќе бидат зголемување на бројот на услуги што граѓаните и компаниите ќе можат целосно да ги завршуваат онлајн, подобро поврзување на институциите и натамошно зајакнување на заштитата на системите и податоците.
– Нашата цел е и во следниот извештај да можеме да покажеме што сме завршиле. А граѓаните да го почувствуваат тоа многу порано – во времето што го заштедуваат секогаш кога треба да завршат обврска од администрацијата – истакна министерот Андоновски.

Македонски




