
Очекувам дека надлежните државни институции, вклучително и Јавното обвинителство, со должно внимание и сериозност ќе ги разгледаат наодите и препораките од Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) и, во рамките на своите законски надлежности, ќе преземат соодветни активности за утврдување на евентуалните одговорности, вели Дејан Кошутиќ, Претседател на У.О и Генерален директор.
Институционалната отчетност, владеењето на правото и утврдувањето на одговорноста се неопходни предуслови за враќање на довербата во железничкиот систем.
Истовремено, неопходно е да се создадат услови менаџментот на ЖРСМ Транспорт целосно да се посвети на својата примарна задача – стабилизација на работењето, финансиска консолидација, обнова на возниот парк и спроведување на започнатите реформи за модернизација и развој на македонската железница.
Минатото бара одговорност. Иднината бара работа, реформи и резултати.
Неговата рекација доаѓа по Конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за работењето на ЖРСМ Транспорт АД Скопје (објавен на 3 ноември 2026 година) кој содржи сериозни наоди за финансиската нестабилност, лошото управување и критичната состојба со возниот парк во текот на 2024 година, а кои наоди всушност се однесуваат на работењето ан претходното раковдство во време на претходната Влада и дел од наследните состојби од тоа работење. Ревизорите изразија неповолно мислење за вистинитоста на финансиските извештаи и за усогласеноста на работењето со законите.

Македонски




