
Пет нови сликовници со Стела и Сани на авторката Бистра Георгиева и илустраторките Наташа Андонова и Љупка Стојкова ќе бидат промовирани денеска од 11 часот.
Станува збор за пет нови приказни со оригинална содржина, насловени: „Мечка се жени“, „Ноќна смена“, „Како да го прескокнеш вторник“, „Изгубено – најдено“ и „Кој прв ќе заспие“.
На промоцијата на сликовниците ќе има и интерактивен концерт, фотографирање со Стела и Сани и креативно катче за боење и цртање.

Македонски




