Skip to main content

Шефот на Ферари до своите возачи: Tимот е поважен од поединецот

Шефот на Ферари Фредерик Васер имаше разговор со возачите на неговиот тим Луис Хамилтон и Шарл Леклер пред Големата награда на Бразил што се вози во Сао Паоло, откако двајцата имаа меѓусебен инцидент во првиот круг на последната трка во Мексико. Главната поента на разговорот била дека интересот на екипата треба да биде пред личните амбиции.

До судир дојде во четвртата кривина кога двајцата се бореа за водечката позиција, а ситуацијата ја искористи Макс Верстапен од Ред Бул, кој на крајот и победи.

–  Состанокот мина добро, важно е да разговараме и да ги разјасниме ставовите. Сега ќе свртиме нов лист и ќе дадеме фокус на следната трка. Возачите мора да работата за екипата и екипата мора да биде на првото место – Ферари е на прво место, поради брендот, вработените и навивачите, истакна Васер.

Состанокот беше одржан во четвртокот навечер.

Хамилтон има 14 повеќе од Леклер во генералниот пласман, а до крајот остануваат уште четири трки.

Поврзани вести