
Проширувањето на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан е стратешка инвестиција во мирот, стабилноста и безбедноста на Европа – изјави денеска словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар.
Таа повика на поголемо единство во Унијата, која се соочува со променливи геополитички околности, и порача дека Брисел мора да се приспособи и да ја зајакне својата улога на меѓународната сцена.
ЕУ не може да си дозволи да биде поделена во момент кога светот се соочува со големи геополитички промени. Нејзината сила лежи во единството, почитувањето на меѓународното право и вредностите што нè поврзуваат“, напиша Пирц Мусар на платформата Икс по средбата со дипломатите на Унијата акредитирани во Словенија.
Словенечката претседателка оцени дека ЕУ мора да биде способна да настапува единствено доколку сака да биде посилна и повлијателна на глобален план.
Со средбата претседаваше амбасадорката на Ирска во Словенија, Каролин Фелан. На состанокот амбасадорите разменија мислења за актуелните европски и меѓународни прашања, а особено за потребата од поголемо единство во услови на променливи геополитички околности.

Македонски




