
Амбасадорот Рокас денеска беше јасен дека Македонија има напредок и оти извештајот за напредокот е подобар од тој од минатата година
Има напредок, особено во областите за дигитална трансформација, истражување, наука, образование и секако веќе видовме дека се преземаат значителни чекори во владеењето на правото. Донесени се многу добри закони и една година подоцна, да, гледаме напредок и тоа е јасно. Морам да повторам дека ова треба да го гледаме како една годишна вежба и фактот дека земјата веќе достигнала добро ниво на подготвеност. Очигледно сакаме да видиме уште повеќе напредок – рече Рокас.
Македонија исто така веќе постигна значително усогласување со законодавството на ЕУ и останува една од кандидатките со највисоко ниво на подготвеност. Извештајот за 2026 позитивно го оценува развојот, што го спомена премиерот. Македонија го засили својот ангажман кога станова збор за Планот на раст на ЕУ и стана една од водечките земји со добри резултати во имплентација на Реформската агенда. Видовме напредок особено кога станува збор за дигиталната трансформација, науката и образованието, вклучително и преку усвојувањето на законот за електронски комуникации. Сепак, важно е да се направи разлика меѓу напредокот во Реформската агенда и пошироката проценка на извештајот. Извештајот за проширувањето ги опфаќа сите области од односот кон ЕУ, каде што напредокот е нерамномерен – кажа Рокас.
Со сличен став е и премиерот Мицкоски:

Извештајот е подобар од минатата година, има и недостатоци а дел од тие веќе се отстранети бидејќи извештајот се однесува за периодот до 31 август, во меѓувреме многу од законите се донесоа а се подтотвија и двата клучни закони од владеењето на правотоа а тоа се казненииот законик и законот за кривична постапка.

Македонски




