
Изборниот резултат во Брвеница генерално не даде добра порака кон граѓаните, бидејќи таму само изборна трка немаше. Таму во неделата со гласање имаше изјаснување на жителите на таа општина по национална припадност, поточно колку Македонци, а колку Албанци живеат во населените места таму, го коментира исходот од изборите за градоначалник на Брвеница во видео-разговор за „Фокус“ политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи.
Значи, реално таму гледавме пребројување на жителите по етничка линија, а не дека имаше изборна трка врз основа на тоа кој што им понудил на граѓаните. Затоа што, на крајот од краиштатам тој градоначалник што е избран, треба да е градоначалник на сите и услугите кон граѓаните да бидат еднакви кон сите. И, тоа, сепак, даде лоша порака имајќи предвид дека граѓаните четири години живеат како браќа и сестри, така да речам, а на крајот за четири секунди не си даваат доверба еден на друг. Процесот вака го водеше ДУИ, затоа што лтие имаат вметнато една логика и матрица кај Албанците, дека се што е против ДУИ е и против Албанците и обратно, вели Фаризи.

Македонски




