Skip to main content

Мицкоски: Супермаркетите и други трговски објекти ќе бидат подложни на контроли, бидејќи наш приоритет како Влада е да го штитиме стандардот на граѓаните

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што поточно се разговараше на состанокот на тема – цените во маркетите, одржан утрово во Владата, изјави:

„Да утрово, пред да дојдам на овој настан имав координација со министерот за економија и труд, заменикот, претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата и директорот на Државниот пазарен инспекторат на којшто договоривме чекори коишто ќе се случат почнувајќи од денеска.

Знаете дека за време на вчерашната прес-конференција, на самата иста прес-конференција беа потенцирани два ланци на маркети коишто, од страна на ваши колеги, коишто можеби, според нивното кажување, прават одредени, би рекол изигрувања на законите и процедурите и денеска истите тие ќе подлежат на ригорозна контрола и деновиве коишто следат. Бидејќи според информациите со коишто располагаме, имаме отприлика околу 20.000 коминтенти по ланец супермаркети и ќе треба да длабоко се навлезе во тоа да видиме дали постојат вакви индиции.

Но, истовремено и други трговски, би рекол, објекти ќе бидат подложни на ваков тип на контроли, бидејќи стандардот на граѓаните е наш приоритет и ние ќе сториме сѐ како Влада да го заштитиме стандардот на граѓаните. И тоа треба сите да го знаат и да знаат дека сме сериозни и овој напад, го сфаќаме како напад врз стандардот на граѓаните, а ние како Влада имаме право и обврска да го штитиме интересот, јавниот и интересот и стандардот на граѓаните.“

Поврзани вести