
Суперкомпјутерот „Опта“ ги ажурираше своите предвидувања за крајот на сезоната во Премиер лигата.
По вчерашната победа над Ливерпул со 1:0, Арсенал се искачи на првото место на табелата, три бода пред Манчестер сити.
Шансите на Арсенал да ја освои титулата според „Опта“ се зголемија од 40,6% на 68,2% за две недели. Сити е втор со 18,9% шанси да го освои трофејот, додека Брајтон (6,9%) ги заокружува првите три.
По нив се Ливерпул (3,1%), Челзи (1,5%), Борнмут (0,4%) и Астон вила (0,3%).

Македонски




