
Црногорскиот пејач Сергеј Четковиќ има посебна поврзаност со скопската публика. Тој синоќа имаше прекрасен концерт во Македонската филхармонија, полн со емоции и љубов. Уште од првата песна фановите ги пееја неговите балади по кои е најпознат.

Во публиката поголемиот број беа дами, а Сергеј им возвраќаше со насмевки и селфи за спомен. Куфер, „25 час“, „Погледи во темнината“, Доаѓам“, се хитовите кои допираат во секоја душа.

50 годишниот Црногорец облечен елегантно во црна комбинација оддаде почит за Мипо Ковач со „Остала си увек иста“ а се потсетивме и на Кемал Монтено и Дино Дворник. Музиката на Сергеј која мириса на море и медитерански ноти очигледно допира до македонската публика па затоа неговите настапи се секогаш посетени. Настанот го организираше „Евентум“.


Македонски


