Skip to main content

Брза бајадера со бадеми

Magnific

Подгответе убава и брза бајадера со вкус на бадеми и бело чоколадо.

Состојки

  • 50 грама мелени ореви
  • 2 големи лажици мелени бисквити
  • 50 грама шеќер 
  • 50 грама шеќер во прав
  • 2-3 големи лажици вода
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • по вкус ароматичен ликер
  • 100 грама сецкани бадеми
  • 50 грама бело чоколадо
  • 50 грама кокос
  • 20 грама путер

Подготовка:

На тивок оган сварете сируп од шеќер, вода, ванила и додадете ликер по желба. Тргнете го сирупот од оган, па додадете мелени ореви и бисквити. Бадемите, шеќерот во прав и кокосот измешајте ги во една кеса за замрзнување, протресете и сите состојки рамномерно ќе се соединат.

Стопете го путерот и белото чоколадо и додајте во мешавината од кокос и бадеми.  Добро измешајте се заедно со смесата од ореви и бисквити, ако е потребно додадете малку шеќерен сируп за да се добие меко тесто. Во калап 21×18, намастен и дното покриено со фолија, истурете го тестото и добро израмнете.

Ставете го фрижидер да се стегне и готовата бајатера исечете ја во правоаголна форма.

Поврзани вести