
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, придружуван од сопругата, го посетил Милорад Додик на неговиот семеен имот во Бакинци, кај Лакташи. На фотографиите што Додик ги објави на социјалната мрежа Икс се гледаат двајцата како наздравуваат со ракија, додека во позадина се подготвува јагне на ражен.
„Вистинските пријатели се пријатели за цел живот“, напиша Додик, додавајќи дека му ја пренел благодарноста на српскиот народ за сè што Орбан направил за Република Српска додека бил премиер на Унгарија.
Орбан ја загуби премиерската позиција по изборите во Унгарија, на кои неговата партија Фидес беше поразена од Тиса, предводена од Петер Маѓар. Маѓар ја презеде функцијата на 9 мај, со што заврши 16-годишното владеење на Орбан.
Додик, кој и натаму е претседател на СНСД, ја загуби функцијата претседател на Република Српска по правосилната пресуда на Судот на БиХ за непочитување на одлуките на високиот претставник. Орбан во минатото отворено го поддржуваше Додик и се противеше на воведување европски санкции против него.
Додик не соопшти за што разговарале на приватната средба, ниту најави конкретен политички договор. Објавените фотографии, сепак, покажуваат дека нивните блиски лични односи продолжуваат и по заминувањето од функциите.
Викторово @PM_ViktorOrban и моје пријатељство је трајно и искрено. С таквим пријатељима је увијек угодно и весело. https://t.co/I447pwdq7d
— Милорад Додик (@MiloradDodik) October 30, 2026

Македонски


