
Јавната установа Национален парк „Пелистер“ во соработка со Ротари клуб Битола Широк сокак почна обнова на видиковецот кој се наоѓа на локација Јоргов Камен 1744 метри надморска височина (мнв) и видоковецот Црвени Стени на 1788 мнв.

Станува збор за најпосетуваните локации во рамки национаниот парк Пелистер кои меѓусебно се поврзани со атрактивни планински патеки со вкупна должина која надминува триесетина километри, информираа од таа национална установа.
Содржините се во функција на зголемување на атрактивноста на локациите без да се наруши пејсажната вредност на просторот на кој истите ќе бидат поставени, нагласија од ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола.

Македонски


